Дали ОССМ се секташи или само глупи деца?
Сеа како прво за тие шо не знат да едуцирам шо е то ОССМ и шо се дешава уствари: Значи ОССМ тие кратенка од Организација (на) Слободен Софтвер Македонија. Целта муе да промовират софтвер шо е „слободен“ значи ем без пари ем плус ти го дават сорсо (програмата ја гледаш, можи да менваш, да ја посериш и слични заебанци) или кратко кажано ако сте слушнале за Линукс, е тие го промовират то. Па сеа пошто сте веќе едуцирани да дам еден пресек на целата глупа ситуација во Македонија со овје дечки: Пред неколку години от ко се оформија овје дечките како организација јас ги пратам шо прат и како прат и можам да ги дам следните заклучоци:
1. Наместо да се залагат за слободен софтвер како симпатизери и информатори овје прат невидена кампања мислиш се работи за избори или кузнај шо да е, ама то сето произлегва од други работи, читај даље.
2. Во та организација воглавно се членој само некој пубертетли а можи и некој заглибан во времето постар, воглавно некој кој шо го ранат од дома тате и мама и му купија компјутер тие и сега тој пошто ништо во живото нема постигнато (и нема ни да постигни) и не ги цени парите си игра член на некоја организација која и прима само такви лузери и си се погодени па си се дружат. Слушам поплаки дека имало и поголеми веќе вработени луѓе шо членуват во организацијата... 1% можи и сигурно платата му е премала и фрустраците си ги лечат тука во организацивчето.
3. Ама изиграват дека за нешто тие се борат (ко Химен на пример против Костуро или ај да ги гибниме и интелектуалците да не се љутат: ко Дон Кихот и Санчо Панчо...овај Панса де.).
4. Нешто се занесват, пуштат петици, документи ова - она влада, министри, а уствари се никој и ништо и никој не ги ферма пошто...види под број 1 и 2. А сосем друго е то дека ништо не добиват од то и да му се прифати евентуално петицијата...значи види пак под број 1 и 2.
5. Дечките се залагат за слободен софтвер и отворен код а се шо знат е само да преведват а никој не знај да програмира ништо поќе од евентуално: "Hello World" шо за тие шо не знат то тие првата програма шо ја пиши во книгите ко ќе учиш програмирање.
6. Има доста фирми и организаци во свето шо профитираја од ваков софтвер, освен овие нашиве пошто...си профитират тие од мама и тате.
7. Толку агресивно ја водат кампањата и со емоци шо мислиш ќети дојдат на врата ко оние помочаните јеховини сведоци и ќе ти нудат брошура „Стражарски Линукс“.Да напрам еден заклучок за дечките и да им дам неколку совети така од постар:
1. Станете малце од пред компјутер, доста со тие игрите и преведувачки маратони или кампуси или не знам како и видете во свето како се работи.
2. Да ги потсетите мама и тате за стотката за вечер за кафе..или за неколку DVD+R со линукс за да ги раздавате на семинарите на Microsoft пред врата како тезгаши.
3. Пари во слободен софтвер има, ама треба да се има малце и памет поќе (ај да не ве учам сега: документаци на нашки, одржвање, обуки, програми за специјални намени, пак одржвање за нив и друго). Знам, знам ќе почните и со то ама веќе 2009 ближи а знајте шо ќе има 2009-та? излегва новиот Windows, едвај чекаме.
4. Не плачете за тендерите шо ги распишват и шо ги фаќа друг чоек - фирма и шо ве ебават, пошто имаше две варијанти: или да не преведвавте ич на почетокот и да немаше превод или да не плачите сега од ко ви ја зеде некој работата и ќе си ја наплати пошто нели вие во суштина и не треба да се љутите ако некој нешто ви земи шо сте напрајле пошто таква ви е организацијата, добротворна. Така е? Ајде доста плачење. А, ама вие плачите оти не го почитуват GNU Public License пошто наплаќат а? А го имате прочитано цел тој документ таму при крајот шо пиши? Ај да не ве дупам и да не ве расплачвам и јас уште толку.
5. Не ги терајте луѓето сосила да прат нешто да инсталират и слично оти то личи на јеховин сведок шо ако ги плеснам со вратата влезна нема да прогледат поќе.
6. Ако некој неќи да го дај сорс кодо (програмата) то значи дека сфатил дека тој чоек си вреди пари самио и тое негово дело плус то и шо сака ќе прај со него и немојте да го црните и покажвате со прст како црна овца дека не го дава кодо пошто тогаш си се покажвате себе колку сте глупи.
А, да и да ги поздравам мојте сонародници Лугола со песната: „Громе мој“ со надеж дека ќе им го погоди серверот и ќе морат да ги прочитат и проучат горе правилата шо се откако ќе го прочитат целиот дигест...и...со надеж дека еден дек ќе бидат профитабилни...а, се извинувам - за тие шо се од провинција (надвор од Битола) Лугола тие кратенка од: Линукс јУзер Глуп (ова Груп, извинете) - битОЛА, абе креативност шта да ти причам, топ.